20-годишниот Шејн Мислер е единствениот победник на Mega Millions џекпотот кој изнесува 450 милиони долари. Извлекувањето се одвивало на 5-ти јануари. Шејн ќе ја добие паушалната сума од 281,2 милиони долари. Пред една недела во 23:33 во петок навечер, неколку минути по извлекувањето младото момче објавило на Фејсбук само: „О Боже.“
Тоа е четвртиот најголем џекпот во 21-годишната историја на Мега Милиони, а вториот по големина џекпот добиен со едно ливче. Шејн го купил добитното ливче во Паско округот, Флорида, користејќи пари што ги освоил од лотарија. Тој купил пет брзи билети за Мега Милиони и еден бил добитен. Парите ќе бидат исплатени на фонд, формиран за Шејн, во кој тој ќе може да управува со парите.
„Имам само 20 години, но се надевам дека ќе ги искористам за да следам различни страсти, да му помогнам на моето семејство и да направам нешто добро за човештвото. Иако сум млад, оваа недела имав курс за финансиското управување и се чувствувам толку среќен што го имам ова неверојатно богатство и тим зад мене. Имам намера да се грижам за моето семејство, да се забавувам и да го зацврстам патот кон финансиски успех, за да можам да оставам наследство далеку во иднината.“, рече Мислер во изјавата.
Пред неговата голема победа Шејн работел како „Специјалист за проверки“ во Universal Screen Screening, Inc, според неговиот Фејсбук. По средно училиште тој бил еден семестар на колеџ во Масачусетс, пред да замине да работи во Best Buy. Тој ја добил својата најнова работа, која ја напушти оваа недела, откако се преселил во Флорида во февруари минатата година.
Тој доаѓа од скромно семејство, кое што сака да си ги заработува парите. Пред две години го купил неговиот прв автомобил од парите кои самиот си ги заработил и објавил на Фејсбук: „Само што го купив мојот прв автомобил и со гордост ќе кажам дека го направив тоа во кеш.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.