Сите сме ја слушнале легедната за изгубениот град Атлантида. Сѐ до денес тоа беше само легенда, но овие денови се случи нешто што можеби наскоро ќе донесе нови сознанија. Неодамна еден тим на подводни археолози близу брегот на Сицилија нашле 39 метални прачки направени од „орихалк“, легура која наводно се правела единствено во Атлантида.
Еве како изгледаат прачките. Старогрчкиот философ Платон напишал дека орихалкот бил изработуван единствено во Атлантида. Според истражувачите, легурата се состои од бакар, цинк, олово, железео и никел.
Прачките се најдени во остатоците од древен грчки брод од пред 2.600 години. Бродот веројатно бил потопен при бура.
Според легендите, орихалкот бил измислен од Кадмос (на сликата подолу) по што многу бил ценет и баран. Во античкиот свет се вреднувал веднаш после златото, како што запишал Платон. Ова е првпат да се открие ваква легура, за која се претпоставува дека е мистериозниот орихалк.
Дали тоа значи дека научниците се приближуваат кон конечното решавање на мистеријата за Атлантида?