Алехандро Рамос, со прекар Вили, се подул како балон, по несреќа која се случила додека вадел школки од океанот, во близина на брегот на Писко, во јужниот дел на Перу.
57-годишниот Вили нуркал по школки пред 4 години заедно со неговиот син и пријателот. Во еден момент се случила несреќа која целосно му го променила животот.
Огромен товарен брод го пресекол неговото црево за воздух. Ова бил единствениот извор на воздух за Вили и иако тој успела да исплива на површината промената на притисокот предизвикала непоправлива штета на градите и рацете и му додала 30 килограми.
Тој нуркал на длабочина од 30 метри и се верува дека азотот ја предизвикал сета штета. Кога телата на нуркачите доживуваат притисок под морето, азотот станува компресиран и се депонира во масно ткиво.
Но кога се испливува назад на површината, азотот се шири во својата гасна форма и меурите можат да ја блокираат крвта, познато како синдром на декомпресија. Бидејќи Вили немал воздух не можел да се искачува полека, како што прават нуркачите за да не направат штета туку морал да го направи тоа брзо.
Пред да биде прегледан од лекарите Вили се срамел да го напушти својот дом, а поради недостаток на средства не барал лекарска нега. Тој дури и се обидел да се самоубие со отров за глувци, но неговиот син го пронашол и го предомислил со зборовите: „Тато зарем сакаш да умреш како глушец после сѐ она што го преживеа.“
Сега кога Вили го добил одговорот кој го чекал 4 години тој може да се подложи на сериозни третмани, вклучувајќи реконструктивни и естетски операции за отсекување на ткивото.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!