Според научниците на НАСА, леталото кое ќе биде лансирано во 2017 година ќе бара планети погодни за живот надвор од нашиот сончев систем, а негова главна цел ќе биде да одговори на вечното прашање „Дали сме сами?“
Промотивно видео за следната мисија на НАСА наречена TESS, објаснува на кој начин вселенското летало ќе трага по нови светови. ТЕСС е наследник на мисијата Кеплер која е во тек, кој може да набљудува само дел од небото во потрага по други планети погодни за живот. Лансирањето на ТЕСС се планира за 2017, и ќе користи четири камери со кои ќе се покрива целото небо, сосредоточувајќи се на посветлите ѕвезди, за разлика од Кеплер кој ги „лови“ егзопланетите во транзит. Посветлите ѕвеџзди ќе овозможат полесна анализа по откривањето на егзопланетите.