Новогодишната забава во Јужно-Сахалинск, Русија, се претворила во пекол, откако новогодишната елка на плоштадот избувнала во пламен. Елката, која била висока 25 метри изгорела за само неколку минути. Од присутните било побарано да останат мирни, а додека елката горела бендот продолжил да свири песни од советската ера, а водителот на манифестацијата им вели дека нема ништо страшно и да продолжат да танцуваат. Илјадници луѓе останале да го гледаат пожарот на плоштадот Ленин, во главниот град на островот Сахалин. За среќа немало повредени. Кога пристигнале пожарникарите елката веќе била изгорена и останала само железната конструкција. И покрај оваа несреќа прославата била проследена со огномет.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!