Кире, Стојан и Ставре – учествувале на новогодишната лотарија во кафана. За нивна радост и тројцата добиле награди. Кире ја добил првата награда – гајба пиво. Стојан бил втор – едно црево шунка. Ставре бил трет – четка за тоалет.
Наредната недела пак се сретнале во кафаната и почнале да си кажуваат колку се задоволни од наградите.
– Пивото беше одлично! – рекол Кире.
– И шунката е добра! – Се согласил Стојан.
– А твојата четка за тоалет Ставре?
– Многу боцка. Изгледа пак ќе се вратам на тоалетна хартија.

Сподели на Facebook
пати видено