Нова воена радиотехнологија им овозможува на војниците да комуницираат со помош на нивните коски. Технологијата ја користи природната способност на човечкото тело да пренесува звук преку коските, а потоа звукот се испорачува директно во внатрешното уво преку шлемот на војникот.
Војниците ќе можат да слушаат и да праќаат пораки на овој начин – а цената која ќе мора да ја платат за тоа е што тежината на нивната опрема ќе се зголеми за тежината на една монета, а за сметка на тоа ќе можат поефективно да комуницираат во сета таа врева и експлозии низ кои минуваат.
Во производство на BAE Systems, прототипот ќе биде изложен на меѓународниот саем за одбранбена и безбеднона опрема кој ќе се одржи во Лондон следната недела.