На вакво нешто ниту ѓаволот не би се сетил. Епископот на Буенавентура Рубен Дарио Јарамило Монтоја, сака да изврши егзорцизам на целиот град со цел да се ослободи од демоните, кои прдизвикале бран на насилство и убиства низ градот.

За да го изврши ова сака да ја вклучи и војската, која го поддржува.

„Сакаме да летаме низ цел Буенавентура и со хеликоптер од воздух и да ја истуриме светата вода врз него за да ги избркаме сите демони што го уништуваат нашето пристаниште, така што Божјиот благослов ќе дојде и ќе не ослободи од сето зло што е на нашите улици.“, вели Рубен.

Народната армија, наводно, ја поддржува одлуката на свештеникот и вети хеликоптер од кој ќе се пушта светата вода над градот во западна Колумбија. Командантите се сметаат дека се во преговори со свештеникот за тоа каде најдобро да го распоредат воздушниот благослов.

Се вели дека егзорцизмот ќе се одржи помеѓу 13 и 14 јули, за време на еден локален фестивал. Според локалните медиуми, во периодот јануари-мај оваа година во градот е евидентирано 51 убиство, што е за 20 повеќе од истиот период минатата година.

Сподели на Facebook
пати видено