Лимузини, комбиња, полу-камиони, па дури и автобуси работат на електрична енергија, беше само прашање на време пред да им се даде ист третман и на теренските возила. Во овој конкретен случај, сепак, се работи за теренско возило со способности кои ги надминуваат повеќето електрични возила во производството, па дури и некои тешки тенкови.
Станува збор за Nikola Zero UTV од Nikola Powersports, возило што им овозможува на возачите да патуваат надвор од патот и да возат повеќе километри без штетни емисии на јаглерод диоксид.
Nikola Zero има почетна цена од 35.000 долари и моментално има два модели: оној кој има 415 коњски сили и друг со 555 коњски сили. Двата модели можат да бидат опремени со батерија од 75 kWh, 100 kWh или 125 kWh, со крајната опција која му овозможува на возилото да патува речиси 321 км со едно полнење. Дури и помалиот капацитет на батеријата сепак ќе дозволи опсег над 160 км.
За споредба, најголемата батерија што може да ја добиете за возилото Тесла е 100 kWh – и тоа е само за моделите S и Model X. Долгоочекуваниот модел 3 оди до 75 kWh. Тесла, сепак, го победи Никола Zero кога станува збор за опсег – иако треба да бидеме фер, моделите биле дизајнирани со различни цели. Според Wired, Никола Powersports го дизајнирале Nikola Zero за качување по карпести предели и влечење на земјоделска опрема и тие користат слична техника на своите електрични полу-камиони – Никола Еден и Никола Два. Изненадувачки е тоа што се уште може да се движи од 0-60 км/ч за 3,9 секунди, ставајќи го во ист ред со Model S (2,5 – 4,2 секунди), но побрзо од Model 3 (5,1 – 5,6 секунди).
Никола Зеро е доволно импресивен во споредба со другите автомобили, но неговите спецификации го прават да има поголема моќ отколку борбениот тенк М1 Абрамс. Во споредба со вртежниот момент на M1 Abrams од 5287 N m, Zero има вртежен момент од 6643 N m, речиси 1656 N m вртежен момент на секе од неговите 4 тркала. Извршниот директор на Nikola Powersports, Тревор Милтон вели дека неговиот Zero доколку се натпреварува со 5 дизел теренски возила ќе ги „искине на парчиња.“
Моторите ја земаат само точната количина на енергија што ви е потребна, ниту киловат повеќе. Значи, кога ви треба дополнителна коњска сила и вртежен момент за да се искачите по рид или да влечете, ја имате. Кога не ви е потребно, не ја користите. Ако сè за Nikola Zero звучи како да е совршен за вас, резервациите се вршат со депозит од 750 долари. Тие не одат на продажба до јануари, па затоа нарачките ќе се исполнат некаде во 2018 година.