Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон создадоа нова молекула која може да „разговара“ со клетките во областа во близина на повредени ткива за да се поттикне заздравувањето на раните.
„Ова интелигентно лекување е корисно за време на секоја фаза од процесот на лекување, има потенцијал да ја зголеми шансата на телото да се опорави и има далекусежни користи за многу различни видови рани“, изјави водечкиот истражувач Бен Алмквист во соопштението за медиумите.
Тимот на Империал ги опишува молекулите за лекување на раните, кои ги нарекува TrAPs во студијата објавена во списанието Advanced Materials. Првиот чекор за создавање на TrAPs бил преклопување на сегменти на ДНК во аптамери, кои се три-димензионални форми кои цврсто се спојуваат со протеините. Истражувачите потоа додале „рачка“ на едниот крај на аптамерите.
Додека клетките се движеле низ областа во близина на рана за време на лабораториските тестирања, тие ја повлекувале оваа рачка, предизвикувајќи го аптамерот да се отвори и ослободи протеини кои го поттикнувале заздравувањето на раните. Со менување на рачката, истражувачите откриле дека можат да контролираат кои клетки ги активира TrAPs. TrAPs обезбедуваат флексибилен метод за активно комуницирање со рани, како и клучните инструкции кога и каде се потребни.
Можеби ќе треба повеќе време за истражувањето да се премести од лабораторијата во фаза на клиничко испитување, но тимот на TrAPs може да биде во можност да го забрза патот. Тоа е затоа што аптамерите веќе се користат за испорака на лекови во телото, што значи дека веќе се сметаат за безбедни за употреба кај луѓето.
TrAPs исто така се прилично едноставни за создавање, што значи дека нема да биде тешко да се прошири технологијата на индустриски нивоа. Значи, ако идното тестирање помине добро, молекулите наскоро би можеле да го сменат начинот на кој ги лекуваме различните рани.