Носејќи тесна бела маица до папок, неговото тело украсено со привремени тетоважи и носејќи бела влакнеста пудлица – еве ова е 64-годишниот нов крал на Тајланд. Крунисувањето на принцот Маха Ваџиралонгконр – коешто беше одложено четири дена поради тоа што ја оплакувал смртта на неговиот татко – фрли ново светло врз неговото живописно минато.
Овој татко на седум деца зад себе има три пропаднати бракови, страст кон брзи коли и репутација на избувлив карактер. За време на обидот за државен удар во Тајланд во 2014 година, беше објавен филм со неговата жена облечена само во танга како му пее „Среќен роденден“ на нивната кралска пудла Фуфу.
По веста за смртта на кралот Бумибол во вторник, тајландскиот премиер објави дека принцот Маха – опишан од страна на еден од кралските биографи како „човек склон кон насилство, брзи коли и сомнителни бизнис зделки“ – ќе се искачи на кралскиот престол на кој неговиот татко седеше 70 години. А како изгледа новиот крал на Тајланд – уверете се со свои очи.