Барак Обама, претседателот на САД, и првата дама Мишел Обама, изнајмиле спектакуларно живеалиште од 760 метри квадратни во едно од најелегантните соседства во Вашингтон Ди Си, како нивно прво живеалиште по иселувањето од Белата Куќа. Домот вреден 4,3 милиони долари има многу простор за семејството Обама да се чувствува удобно – со посебни гардероби, осум бањи, девет спални соби, винска визба и просторија за вежбање. Куќата била изградена во 1928 година и ја изнајмува Џо Локхарт, кој служел како секретар за јавни односи во администрацијата на Бил Клинтон.
Неговата жена, Џована Греј, била уредник на списанието Гламур. Семејството ќе си има батлери кои ќе се грижат за сите нивни потреби во големата и луксузна куќа, а на горниот кат има канцеларија кадешто Обама ќе може слободно да работи на своите мемоари, при што тој веќе има напишано две успешни книги кои му донесоа богатство. Погледнете во каков луксуз ќе живее семејството на претседателот на САД, по завршувањето на неговиот мандат.