Во една фарма трите бикови слушнале дека фармерот сака да купи уште еден. Старите бикови се возбудиле и почнале да зборуваат меѓу себе.
Првиот:
– Јас живеам на оваа фарма пет години и ми припаѓаат сто крави. Дали се согласувате со тоа? Нема да му отстапам ниту една од нив на новиот…
Вториот:
– Јас сум на фармата три години и мене ми припаѓаат 50 крави. И јас нема да му дадам ниту една од моите на некој си дебитант.
Третиот:
– Јас сум тука само од една година, но сум се изборил да поседувам 10 крави. За секоја од нив сум подготвен да се борам.
Во тој момент кон фармата се приближува камион и од него со тешки чекори излегува огромен бик. Толку голем бик старите не виделе во животот.
Првиот бик вели:
– Мене 100 крави ми се многу. Некои од нив дури и не успевам да ги испочитувам како што треба.
Вториот додава:
– Треба да сме добри домаќини и да го поделиме со ближниот она што го имаме…
Третиот бик, без да каже ништо, ги крева роговите, почнува да дува и да ја рие луто земјата со копитото.
– Ти луд ли си бе? Види колку е голем овој, а ти си решил да се бориш. Дај му некоја крава таму и толку.
– Воопшто и не мислам да се борам. Нека ги земе сите крави, ако сака, само да сфати уште од почетокот дека јас сум бик…