Од МОН одлучиле да воведат уште една новина во образовниот процес, да ги прашуваат децата што сакаат да бидат кога ќе пораснат и така да им одредуваат кој странски јазик ќе го учат.
Директорката ја прашува Марија:
– Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
– Сакам да работам многу и да имам многу пари.
Директорката запишува – ќе учи германски.
– А ти Петре?
– Сакам да измислувам нови работи.
Директорката запишува – ќе учи јапонски.
– А ти Зоки?
– Сакам да земам гоелма плата а да не правам ништо по цел ден.
– Јааасно… Запишувам грчки.