Камионџија не направил добра проценка кога требал да помине под мост во Шкотска и така успеал да направи огромна штета. Тој превезувал нови автомобили од марката Range Rover и Jaguar, во вредност од стотици илјади евра.
Во моментот кога сакал да помине под мостот, возачот не се надевал дека луксузните автомобили автоматски ќе се „претворат во кабриеолети“. На фотографијата може да се види Range Rover Velar, кој чини 50.000 евра. За среќа никој не бил повреден во несреќата.
Еден од очевидците на несреќата изјавил: „Возачот изгледаше малку несреќен. Никој не беше повреден, но сепак не беше добар ден за тоа момче.“