Компанијата за изработување на шатори Tentsile, неодамна додаде три нови модели на висечки шатори на својата производствена линија. Трилиум е мал шатор кој може да собере три личности; Виста е двослоен шатор за на дрво и Трилоџи – најголемиот од најновата понуда – огромно засолниште кое може да собере шест луѓе, со централен дел и три одвоени оддели за спиење.
Во 2014 година, Tensile го револуционизираше светот на кампување со производството на преносни куќички за дрво. Компанијата е основана од дизајнерите Алекс Ширли-Смит и Кирк Кирчев во 2012, и е добитник на наградата на IPSO BrandNew за 2015/2016. Како дел од својата иницијатива за заштита на природната средина, компанијата засадува по три дрва за секој купен шатор.