Урбаните легенди можат да бидат морничави, но најчесто тоа се само приказни и сите ги сметаат за такви. Но за младите луѓе од индијанскиот резерват Пајн Риџ во Јужна Дакота, една легенда е многу реална, и не само тоа, туку ги убедува да извршуваат самоубиство.
Серија на самоубиства и обиди самоубиства почнаа да се случуваат помеѓу племето Оглала Лакота, составен дел на народот Су. Водачите на племето ова го припишуваат на убедливиот и злонамерен дух кој скита низ резерватот. Старешините на племето духот го опишуваат како “Дух на висок човек“, а помеѓу младите на племето Су тој е познат по името „Шетачот Сем“.
Почнувајќи од септември 2014, во Пајн Риџ имало вкупно 103 обиди за самоубиство и 9 смртни обиди. Сите биле извршени од млади луѓе на возраст од 12 до 24 години.
Најужасниот од овие обиди се случил минатиот февруари кога водачот на заедницата, пасторот Џон Два Бика, фатил група тинејџери како се обидуваат да извршат масовно самоубиство.Поставиле неколку бесилки на дрвјата за да можат да умрат заедно. За среќа, биле фатени пред да се случи голема трагедија.
Се раскажува дека Шетачот Сем е висок два метри, има долги, тенки екстремитети и нема уста. Исто така познат и како „Големото Стапало со цилиндер“ и „Големиот Човек“, ова суштество наликува на популарниот „Слаб Човек“ (Слендермен), архетип кој ја преплави американската интернет култура.
Шетачот Сем најверојатно е манифестација на поголемото зло во заедницата на овој некогаш горд народ, последниот кој им се предал на белите Американци, а тоа е сиромаштијата. Пајн Риџ со години се бори со тешка невработеност, што доведува до појавата на алкохолизам, па дури и самоубиства. Просечниот животен век на луѓето во тоа место изнесува помалку од педесет години, најнизок во целата западна хемисфера.
Друга причина за честите самоубиствени нагони може да е расизмот. Минатата година само неколку дена пред Божиќ, едно 12-годишно Су девојче по име Сантана Џенис се убила откако од бела жена во хотелско лоби била наречена „валкана индијанка“. Можеби Шетачот Сем не е само легенда, туку и механизам кој се родил кај младите Оглала Лакота Индијанци за да се справат со угнетувањето со кое секојдневно се среќаваат гордите потомци на Бикот Кој Седи и Лудиот Коњ.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.