Една млада, културна професорка по географија, влегла прв пат на час во средно училиште, но учениците воопшто не и обраќале внимание. Викале, се карале, некои муабетеле, и таа кутрата колку и да се обидувала да ја започне лекцијата, ништо не и успевало.
Расплакана отишла кај директорот и му раскажала за проблемот. Директорот ја слушал и татковски и рекол:
– Колешке, неправилно сте пристапиле кон учениците. Требало најнапред да ги заинтригирате со нешто и потоа да ја започнете лекцијата. Дојдете, јас ќе ви покажам.
Се вратиле тие двајцата во училницата и уште од вратата директорот ги кренал двата прста нагоре и извикал:
– Хеви метал, мрсници!
– Хеви метал, хеви метал, господин директор – му одговориле сите ученици.
– Имам едно прашање за вас. Може ли да се стави кондом на географски глобус?
Сите молчат.
– Пак прашувам, може ли да се стави кондом на географски глобус?
Еден ученик конечно прашал:
– А што е тоа географски глобус, господин директор?
– Е, тоа ќе ви го објасни новата професорка по географија…