Новак Ѓоковиќ за прв пат јавно проговори дека пред осум години му биле понудени 200.000 долари да намести меч, иако тој жестоко го бранеше својот спорт од обвинувањата дека местенките се широко распространети во светот на тенисот. Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, кои се највисоко на ранг листата во белиот спорт, цврсто стоеја на ставот дека освен помалите инциденти, во тенисот не се случуваат никакви лоши работи, и истакнуваа дека не постојат цврсти докази дека се прават такви работи.

Би-Би-Си заедно со Базфид Њуз спровеле истрага, по што излегоа со тврдење дека добитник на Грен Слем, чиешто име не го наведоа, бил под сомнение за местење натпревари, како и осум други играчи. Тие велат дека имаат документи кои се протегаат наназад до 2007 година кои го потврдуваат „широко распространетите сомнежи за местенките во врвот на тенисот, вклучително и Вимблдон.“

nd01

„Во текот на последната деценија шеснаесет играчи рангирани во врвните педесет постојано биле пријавувани во Единицата за интегритет во тенисот под сомнение дека намерно губеле мечеви“. Ѓоковиќ вели:

„Сум слушнал за тоа и читав дека се спомнуваат неколку играчи кои повеќе не се активни. Зборувам за натпревари кои се одржале пред речиси десет години. Се разбира, нема простор за било какви местења и корупција во нашиот спорт. Се трудиме да го одржиме колку што е можно почист. Мислам дека имаме спорт кој еволуирал и ги унапредил програмите и авторитетите за справување со овие нешта.

Не мислам дека ова фрла сенка врз нашиот спорт. Луѓето зборваат за имиња, нагаѓаат кои би можеле да се тие играчи. Но сѐ уште не пости вистински доказ за било кој од активните играчи. Сѐ додека е така, тоа се само шпекулации.“

Тој раскажал и за инцидент во 2007 година кога наводно му биле понудени 200.000 долари да изгуби меч во Питерспург, на турнир на кој на крајот не ни учествувал.

„Не ми пристапија директно“, раскажува тој. „Па, ми пристапија преку луѓе кои во тоа време работеа со мене, кои беа со мојот тим. Се разбира, веднаш го одбивме тоа. Дури не ни стигна до мене, човекот кој се обидуваше да разговара со мене, не ни стигна директно до мене. Од тоа не излезе ништо.

За жал, во тоа време имаше гласини, се зборуваше нешто, некои луѓе се врткаа наоколу. Со нив се справија. Во последните шест, седум години, не сум слушнал ништо слично на тоа. Мене лично никој не ми пришол директно, па така немам што повеќе да кажам за тоа.“

nd02

Запрашан за тоа како се чувствувал по инцидентот, тој признава:

„Направи да се чувствувам ужасно бидејќи јас не сакам да сум поврзан со тоа на било каков начин. Некој можеби тоа ќе го нарече прилика. За мене, тоа е чин на неспортско однесување, на криминал во спортот, искрено. Не го поддржувам тоа. Мислам дека за тоа нема место во било кој спорт, особено во тенисот. Секогаш ме учеле и секогаш сум бил опкружен со луѓе кои се воспитани и кои ги почитуваат спортските вредности. Тоа е начинот на кој пораснав. За моја среќа, немав потреба, знаете, директно да се плеткам во тие ситуации за кои станува збор.“

Сподели на Facebook
пати видено