Во текот на оваа година Кина ќе започне со изградба на пловечки нуклеарни централи, кои би можеле да се искористат за да добијат електрична енергија далечни, вештачки острови во Јужното Кинеско Море.
Пловечки нуклеарни рекатори звучи опасно, но кинескиот Национален нуклеарен корпус планира да ги развие како поевтина алтернатива за пренос на енергија од Кина.
Официјалните претставници потврдија дека прототипниот реактор веќе се тестира во близина на крајбрежјето на кинеската Шандонг провинција. Со изградбата која ќе започне оваа година првиот кинески полн-функционален лебдечки нуклеарен реактор треба да биде во употреба до 2021 година.
И таа не е единствената земја заинтересирана за слична технологија. Руската пловечка нуклеарна централа се очекува да се упати кон Арктичкиот круг подоцна оваа година.
Ако Кина сака да ги користи лебдечките реактори за да ги напојува своите вештачки острови во Јужното Кинеско Море, ќе треба да изгради околу 20 централи.
Но доколку централите се покажат како ефикасни и безбедни ќе изградат и повеќе со цел да се опфатат и местата до бреговите како и максимално да се искористат фосилните горива.