Cărtureşti Carusel, или „Вртелешка на светлината“ е монументално здание од дваесеттиот век кое било трансформирано во прекрасен архитектонски скапоцен камен. Се наоѓа во самото срце на Букурешт, на долга жива улица полна со кафулиња и барови. Опкружена со боемски живот, со продавници за традиционална и луксузна облека, оваа книжарница со сигурност ќе се втопи со својот иновативен и елегантен стил.
Книжарницата има шест ката, на коишто се наоѓаат преку 10.000 книги, 5.000 албуми и ДВД-а. На најгорниот кат има бистро, во подземјето простор за мултимедијски содржини, а на првиот кат галерија за современа уметност. Книжарницата ќе биде ново место на кое ќе се одржуваат бројни културни настани и концерти.