Сите мислат дека камерите мора да се произведат од многу скапи делови, но тоа не е секогаш така. Тим истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, се обиде да докаже токму тоа, создавајќи камера без леќа која може да креира 3D слики од една 2D слика.
Нивната камера, наречена DiffuserCam, користи релативно евтин хардвер, но софтверот што го има е прилично сложен. Во демонстрациите, тимот покажа дека нивниот фотоапарат е способен за реконструирање на 3D пиксели од 1,3-мегапикселна слика. За споредба, iPhone 7 прави фотографии од 12 мегапиксели.
„Ние направивме заеднички напор да го задржиме хардверот исклучително едноставен и евтин. Иако софтверот е многу комплициран, тој исто така може лесно да се реплицира или да се дистрибуира, дозволувајќи им на другите да создадат ваков тип на камера дома“, рече Лаура Валер, вонреден професор на Универзитетот во Калифорнија, Беркли и водечки истражувач за проектот, во соопштение за печатот.
Студентите во нејзината лабораторија откриле дека можат да користат случајни испакнатини во материјали како што се лепливи ленти или пластични држачи, заедно со компресирани сензори, за да се подобрат можностите на едноставна камера без губење на резолуцијата предизвикана од микро-леќата.
Првично, DiffuserCam ќе се користи за да се набљудува микроскопската активност на невроните кај живи глувци. Валер објасни дека камерата може да се користи и за автономни возила, овозможувајќи им да ги користат снимените 3D информации за да добијат подобро чувство на обемот на нивната околина. Машините со вештачка интелигенција исто така можат да има корист од користење на камерата за откривање на лица, како и идентификација и категоризација на објекти без човечки внес.
Камерата без леќа, исто така, може да има дополнителни намени во областа на медицината. Според Валер, користењето на DiffuserCam за да се видат активностите на невроните кај глувците може да доведе до подобро разбирање на сетилната перцепција, која може да се користи за да се дијагностицираат и лекуваат болестите поврзани со менување на меморијата, како Алцхајмерова болест или други ментални нарушувања.