Технолошката индустрија во Велингтон, Нов Зеланд, Активно бара експерти од цел свет и нуди бесплатно патување до земјата на секој кој ќе може да докаже дека е достоен за понуденото работно место. Градот се обидува да привлече 100 нови софтверски работници, менаџери за производство и аналитичари од цел свет, со цел да го поттикне растот на технолошкиот сектор во земјата. Со цел да ги привлече експертите да се преселат во островската земја, Велингтон е домаќин на „глобална програма за привлекување таленти“.
Градот на 100 кандидати ќе предложи бесплатна едноседмична екскурзија за време на којашто тие ќе можат да учествуваат на интервјуа за работа, средби со заинтересирани компании, како и да го запознат Нов Зеланд. Тие што ќе бидат заинтересирани за преселување во земјата со цел да започнат своја кариера таму, ќе можат да се регистрираат на веб страницата „LookSee Wellington“. Потоа фирмите ќе ги соопштат избраните 100 кандидати. Кандидадите треба да ги достават своите автобиографии до 20 март, а интервјуата ќе се спроведат во периодот од 8 до 11 мај.