Пензионираниот војник кој се искачил пет спрата како „Спајдермен“, за да спаси момче кое било оставено само дома во Кина, освои милиони срца. Жанг Џин се качувал по фасадата на зградата со голи раце за да го спаси 2-годишното дете кое било заглавено помеѓу решетките на прозорецот.
Жанг го споредуваат со имигрантот од Париз, кој исто така спаси дете качувајќи се 5 ката, пред помалку од две недели.
Детето било оставено само дома, од страна на неговата баба. Спасувачката акција била снимена од од околните жители во Жиџанг во градот Хуаихуа во провинцијата Хунан. Г-дин Жанг рече дека тој бил известен за несреќата од страна на набљудувачите. Него му било кажано дека едно момче било заробено меѓу решетките за заштита од кражба.
„Побрзав и се качував по должината на другите решетки. Видов дека момчето плаче додека се бореше да се ослободи. Служев во армијата и тренирав во провинцијата Хенан две години. Мојот инстинкт ми кажа дека морав да го спасам момчето.“, веи херојот. Тој внимателно го кренал момчето и го турнал на сигурно. Потоа полека се вратил на земјата.
Кога полицијата пристигнала момчето веќе било спасено, но тие останале запрепастени кога влегле во станот за да проверат дали момчето е безбедно. „2-годишното момче држеше нож во раката за да исече лубеница кога ја отворивме вратата.“, изјавил полицаецот Чао Денгминг.
Бабата на момчето се вратила и добила само вербално предупредување затоа што го оставила детето без надзор дома.