Најдена е бактерија која живее на морското дно, со помош на која биле излекувани половина од тестираните болни од рак на простата. Во некој догледен период со овој метод целосно би можела да се замени инвазивната хируршка интервенција. Овој нов третман кој не вклучува хируршка интервенција се изведува така што во крвта се вбризгува лекарство чувствително на светлина, коешто потоа се активира со ласер и така се уништува канцерогеното ткиво во простатата.

kn01

Ова лекарство, кое е произведено од бактерија од морското дно, било употребено врз 413 пациенти со нискоризичен канцер на простатата, при што кај 49 отсто од нив е постигната ремисија. Деканот на Лондонскиот колеџ за медицински науки, проф. Марк Ембертон, кој го предводел истражувањето, го опишува како голем пробив кој би можел да ги поштеди болните од инвазивна хируршка интервенција.

„Овие резултати се одлични вести за мажите со рано ликализиран канцер на простата, нудејќи им третман кој може да го убие канцерот без отстранување или уништување на простата“, вели проф. Ембертон.

kn02

Сподели на Facebook
пати видено