Милиони жени од Кина се придружиле на најновата интернет мода со цел да си ги покажат бујните облини. Во овој интернет предизвик од женските учесници се баара да си ги допрат градите посегнувајќи од зад грб. Ако успеат во тоа, тоа практично значи дека имаат доста што да фатат.

Од неговите почетоци минатата недела, трендот привлекол над 54 милиони гледања и 39.000 коментари на Веибо, кинескиот еквивалент на Твитер.

cc01

Манијата за првпат се појави во јуни, откако сличен предизвик „допри си го папокот“ ја освои Кина како луња, при што од учесничките се бараше да си го допрат папокот, посегнувајќи си од зад грб. Во воведниот коментар се вели дека „само жените со големи гради можат да го направат ова“. Набргу потоа се појавиле милиони слики на кои се гледа како жените се обидуваат да си ги досегнат облините и да докажат дека ги имаат истите.

cc02

Иако многу жени споделуваат слики со нивните успешни обиди, некои признаваат дека не успеале. Една вели: „Прво беше да си го допреме папокот, сега градите. Не можам да го направам ни едното, ни другото. Имам кратки раце.“

cc03

Совет до дамитe – доколку сакате да го следите примерот на кинеските дами, сепак не претерувајте и не терајте со сила. Не сакаме да нѐ обвинувате нас, ако си го изместите рамото или си ја скршите раката.

cc04

Сподели на Facebook
пати видено