Група истражувачи при универзитетот Тубинген, Германија, развиле алгоритам кој може да ја обликува било која слика да личи на стилот на големите мајстори на сликарството. Технички наречените „длабоки алгоритми“ се веќе во употреба од компании како Гугл за препознавање на слики и други намени.

„Системот употребува неврални репрезентации за да ги одвои и повторно да ги искомбинира содржината и стилот на било која слика, со помошта на невронски алгоритам за создавање на уметнички слики“, пишуваат истражувачите. „Овде воведуваме вештачки систем базиран на Длабоката Невронска Мрежа којашто создава уметнички слики со висок квалитет.“

Фотографија на станбени згради крај река во Тубинген, Германија е процесирана стилистички да наликува на различни слики, вклучувајќи дела како „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог и „Врисок“ на Едвард Мунк.

sl01

Сподели на Facebook
пати видено