Фактот дека некој создал кондом кој може да детектира дали некој има сексуално пренослива инфекција е неверојатен сам по себе, но фактот дека ова било осмислено од тим сочинет од 13 и 14-годишни ученици е уште повпечатлив!
Муаз Наваз, Даанјал Али и Ширак Шах од академијата „Исак Њутн“ во Лондон дојдоа до овој концепт кој го нарекоа „S.T.EYE“ (игра на зборови; кратенката за изразот sexually transmitted infections – сексуално преносливи инфекции – STI се изговара Ес Ти Ај, а англискиот збор за око, eye, исто така се иговара „ај“. н.з.)
Кондомот бледо засветлува во различни бои во зависност од тоа со каква сексуално пренослива инфекција се соочил: зелена за хламидиоза, жолта за херпес, виолетова за човечки папилома вирус и син за сифилис. За овој свој пронајдок, младите научници ја добиле првата награда, освојувајќи 1000 фунти, доделена на TeenTech Awards, натпревар кој ги охрабрува децата од 11-16 години да создаваат пронајдоци кои ќе му помогнат на светот.