Новиот моден додаток, маските за на плажа, ги сруши сите рекорди на популарност во Кина. Направени од ист материјал како и костимите за капење, во разни бои и дезени, со специјални отвори за носот, устата и очите, маските го штитат лицето од сонцето.