Во Јапонија, овој нов тренд почна да добива голема популарност, а изгледа многу чудно. Јапонската компанија Masayoshi Shindo Masaki почна да произведува многу чудни маски, кои ги прави по нарачка. Но, што е чудното во врска со нив?
Вие им праќате фотографија на вашето сакано милениче, а фабриката ви произведува најреалистична маска, речиси идентична со миленичето, само во ваша димензија, се разбира. Тие прават и праќаат стотици вакви маски неделно, па социјалните мрежи во Јапонија почнаа да се преплавуваат со вакви чудни слики.
Цената на една ваква маска е околу 100.000 денари, што ги направи уште попопуларни, бидејќи ако носите таква со други зборови значи дека сте добро ситуирани.