Претскажувањата на францускиот астролог Мишел де Нострадам, поизвесен како Нострадамус, честопати го стреснувале светот со својата точност. Неговото главно дело „Претскажувања“, кое за првпат било објавено во далечната 1555 година е многукратно преиздавано и преведувано низ целиот свет. Единаесет години пред неговата смрт, Нострадамус слика толку точни слики за иднината, што се претвора во вистински феномен. Како највпечатливо предвидување експертите го сметаат тоа за нападот врз кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година. Според толкувачите на неговите дела, во 2016 година неговото дело успеало да го претскаже најголемото изненадување во светската политика – изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Таму тој е опишан како „голем бесрамник“, смел и многу влијателен, кој ќе биде избран за раководител на големата армија.
За 2017 година прогнозите на Нострадамус се претежно мрачни. Воените конфликти наместо да запрат, ќе добијат уште поголема жестина. Муслимани ќе се обидат да завладеат со некои длови на Африка, а Турција ќе влезе во нова војна со Иран. Интересно во сето ова е што за војна во 2017 во која ќе учествува Турција претскажува и моонахот од Света Гора Пајсиј Атонски, познат уште и како Грчкиот Нострадамус. Според него, по конфликтот Турција ќе се распадне на три одделни држави. Нострадамус предупредува дека во 2017 година човештвото ќе се соочи и со последиците од „Огнената војна“, што според некои толкувачи го симболизира глобалното затоплување. Сепак, францускиот астролог дава и зрак надеж – Русија ќе биде државата која ќе згрижи многу од страдалните бегалци од крвавите војни и таму ќе биде создадена нова „Заедница на преживеаните“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.