Францускиот крал се разболел од венерична болест. Доаѓале разни доктори, но никој на можел да помогне. На крај наредил кај него да го доведат Нострадамус.
Го прегледал тој – насекаде чирови!
– Од што сум болен?
– Не знам, но чувствувам дека по двеста години, учените луѓе ќе го наречат сифилис.
– Има ли лек?
– Не сум сигурен, но ми се чини дека ако најдете стогодишна девица и имате со неа секс по 6 часа, 10 дена по ред, болеста ќе си отиде.
Со многу напор, кралот нашол стогодишна девица и ја започнал терапијата. По десет дена – чудо, навистина бил излечен. Повторно го повикал Нострадамус:
– Браво! Ми помогна. Но, како се вика овој лек?
– Не знам, но чувствувам дека по четиристотини години, научниците ќе го наречат пеницилин!