Протекоа информации од извештај на Пентагон во кој се откриени нови детали за средбата на НЛО која ги шокирала пилотите на морнарица над Пацификот.
Извештајот за 2009 година не носи ниту еден датум или лого на агенцијата, но четворица официјални лица потврдија дека е напишан како дел од програмата на Пентагон со податоци од повеќе агенции. Информативната станица во Лас Вегас го прими некласифицираниот извештај додека го посетуваше Вашингтон за дебрифинг организиран од страна на поранешниот сенатор Хари Рид.
Извештајот открива неверојатни нови рачни извештаи од средбата на 14-ти ноември 2004 година. Инцидентот се одвивал додека носач на авиони спроведувал вежби за обука на брегот на јужна Калифорнија и Мексико, пред распоредувањето кон Арапското Море.
Почнувајќи околу 10 ноември, USS Princeton, направил повеќе радарски контакти со она што во извештајот се нарекува Аномално Воздушно Возило (AВВ).
Висок главен контролор на Принстон, кој бил опремен со ултра-напреден радар со повеќефункционални АН / СПИ-1, известил дека АВВ се појавил од над 20.000 метри – таванот на радарот за скенирање – и се спуштил „многу брзо“ до околу 15 метри над површината на океанот.
Контролорот кој имал 17 години искуство во контролата на оружјето, изјавил дека никогаш не добил точна патека за АВВ, бидејќи тој покажал брзина во согласност со балистички проектил, но радарот бил поставен на режим за пресретнување во воздухот, а не на режим на следење на балистички проектили.
Потоа на 14 ноември повторно го забележале истиот НЛО, но исто така повторно не успеале да остварат контакт со истиот. Пилот на морнарицата со борбен авион исто така бил во близина и кога се вратил во базата изјавил дека видел летало кое наликува на „суперсоничен Тик Так“.
Командантот Дејвид Фравор и потполковникот Џим Слаигт кои имале визуелен контакт со АВВ јавно дискутирале за инцидентот. Според Фравор објектот бил во форма на издолжено јајце или бонбоната Тик Так. Џим, чие име е изменето од извештајот, го опишал како „солидно бело, мазно, без рабови“.
Подоцна истиот ден, друг авион го направил видеото што оттогаш е пуштено, според извештајот. Околу 15 часот, друг авион на морнарицата, F / A-18F следел, извонреден објект со помош на FLIR. Без оглед на тоа што е АВВ, извештајот нагласува дека тоа не е „познат авион или воздухопловно возило што е моментално во пописот на САД или било која странска држава“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.