Се сеќавате ли кога Париз во септември ги забрани возилата за еден ден за да ги намали испуштањата на јаглерод моноксид во воздухот и за да ја крене свеста кај граѓаните? Резултатите на овој експеримент беа толку позитивни и успешни што и други градови размислуваат пемранентнода ги забранат возилата во определени реони. Осло, главниот град на Норвешка до 2019 година планира да ги забрани сите приватни возила во центарот на градот, известува Ројтерс. Покрај тоа, ќе бидат додадени велосипетски патеки со вкупна должина од 60 километри за да се намалат испуштањата на гасови во воздухот и да се намали употребата на моторни возила за третина во следните петнаесет години.
Промената била овозможена откако градот ја избрал левоориентираната Работничка партија во септември, кои коалицирале со Зелената партија и со Социјалистичката левица. Автобусите и трамваите ќе продолжат да ги пренесуваат луѓето до центарот на градот, кој има околу 1000 жители. Но, во 2019 година, 90.000 луѓе коишто работат во центарот на Осло ќе мораат да возат велосипед, да пешачат или да користат јавен траспорт за да стигнат на работа.
Возилата кои пренесуваат инвалидни лица и кои доставуваат храна до фирмите сепак ќе бидат дозволени. А за луѓето кои не се расположени да вртат педали или да се возат во јавен превоз, градот ќе им понуди субвенции за електрични моторцикли. Сите победуваат!
Работничката партија планира до 2019 година да го редуцира сообраќајот за дваесет отсто, а до 2030 за триесет отсто, за сметка на што масовно ќе се зголеми јавниот транспорт.
Многу продавници се загрижени дека намалениот сообраќај ќе наштети на нивните бизниси, бидејќи единаесет од 57-те трговски центри во Осло се лоцирани во областа којашто е погодена со забраната, но од Работничката партија веруваат дека токму напротив, зголемениот број на пешаци во зоната ќе ја зголеми продажбата.
„До 2030 година сѐ уште ќе има луѓе кои ќе возат автомобили, но тие ќе мораат да бидат со нула штетни издувни гасови“, вели Нгујен Берг, водачот на партијата.