На овогодинешната Олимпијада во Рио де Жанеиро една од големите атракции ќе биде библискиот кораб изграден во реална големина. Осмислена од страна на холандскиот милионер Јохан Хуиберс, откако идејата му дошла на сон, огромниот кораб е навистина впечатлив со својата должина од 124 метри и тежина од 2500 тони. Во него се сместени повеќе музејски поставки и можат да прими до 5000 посетители.

n

Холандската христијанска организација наречена Фондација Ноев кораб ќе плови сѐ до Бразил за да се пристигне на време за овогодонишените Олимписки игри во Рио де Жанеиро.

„Сакаме да им овозможиме на илјадници луѓе кои живеат во Бразил, на непривилигираните, сиромашните и на сирочињата, да ја доживеат надежта која доаѓа од библиската приказна кога ќе ја видат во живот“, изјавил Хуиберс.

Не е познато колку долго ќе трае патувањето, но планираат коработ да ги посети и Аргентина, Уругвај и Колумбија, како и американските градови Сан Диего, Сан Франциско и Сиетл.

Сподели на Facebook
пати видено