НЛО теоретичарите веруваат дека мистериозниот објект на Google Earth е вселенски брод, кој се урнал на Земјата. Неидентификуваниот објект е забележан во близина на Антарктикот на островот Јужна Џорџија во Јужен Атлантскиот Океан, каде живеат само 20 луѓе.
Теоретичарите користеле сателитско мапирање за да зумираат и да се доближат до наводниот вселенски брод блиску до врвот Монт Паџет, висок 2.935 метри. Можат да се видат траги зад објектот, што укажува на тоа дека се лизгал низ снегот на одредено растојание пред да застане. Снимките од мистериозниот објект станале многу популарни по социјалните мрежи. Додека многу луѓе веруваат дека станува збор за вонземјани, некои тврдат дека тоа е всушност карпа која паднала од блискиот глечер.
Додека едни сериозно го сфатиле објектот, а други се противеле, трети решиле да се пошегуваат. „Ааа тука Супермен се урна во првиот филм со супермен.“, „Тоа се всушност санките на Дедо Мраз.“, беа едни од комичните коментари.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.