Кога би можеле да се прошетате низ Бруклин пред 1951 година, би налетале на полиња и полиња со марихуана висока два метри.
Насекаде трева
Пред 1951 марихуаната цутела од Кобл Хил до источен Њујорк, а кон Бронкс и Квинс растела уште повисока трева.
Просторот кадешто сега е центарот на Бруклин некогаш бил една од најголемите „фарми“.
За да се справи со тревата која растела насекаде, санитарниот оддел формирал специјална единица за да се отстрани и запали сета дрога.
Но не сите биле задоволни со уништувањето бруклинските фарми на марихуана. в0 1951 се обратил Џон Мјуртаг кој истапил пторив криминализирањето на марихуаната нудејќи научни докази марихуаната не предизвикува зависност.
Градот Њујорк се зафатил со едуцирање на жителите за опасното растение. Оваа слика била распространувана со комнетарот „Ова е тоа – ако ги забележите овие листови во вашиот двор, тогаш ви расте марихуана и Санитарниот оддел би сакал да знае за тоа“.
Војната против марихуаната била само дел од мерките во справување со нарко зависноста спроведени од страна на американските власти во текот на педесеттите.