Повеќето научници се согласуваат дека морското ниво ќе се крене, но досега се велеше дека тоа ќе биде бавен процес кој ќе трае со векови. Во новообјавена студија се вели деа морското ниво ќе се крене за неколку метри во текот на следните педесет години. Во неа се вели дека крајбрежните градови во светот, вклучувајќи ги и Њујорк и Лондон би можеле да се најдат под вода до крајот на овој век.

gz01

Без драматично намалување на испуштањето на стакленички гасови, „морското ниво ќе се крене за неколку метри во текот на следните педесет до сто и педесет години“, се вели во статијата. Во неа се истакнува во интерглацијалниот период пред 120 000 години, кога просечната температура била повисока само за околу 1°C од денешната, морското ниво било шест до девет метри повисоко од денешното.

gz02

„Продолжителното присуство на јаглерод во климатскиот систем и постојаното затоплување би можеле да предизвикаат неизбежни непосакувани последици“.

gz03

Меѓу таквите последици би можеле да се очекуваат жестоки бури, топење на поларниот лед и покачување на морското ниво. Топењето на ледените брегови ќе значи трупање на релативно свежа вода на океанските површини во близина на Антарктикот и Гренланд. Ова ќе го забави или дури и да го запре системот на океанските струи. Подлабоките делови на океанот ќе се затоплат, што на крај ќе го забрза процесот на топењето на ледот кој е сѐ уште над морското ниво.

gz04

Крајно различните температури помеѓу тропските делови и половите ќе предизвика моќни бури слични на тие од пред 120 000 години. Поради кревањето на морското ниво, 20 отсто од светското население ќе биде присилено да се пресели од крајбрежните области.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено