Њујорк ќе го има највисокото виенско тркало, освен ако не ги претечат од Дубаи, кои исто така почнале да градат високо виенско тркало.
Виенското тркало во Њујорк ќе биде високо 192 метри, или шеесет ката, и ќе биде највисоката градба од тој вид во САД.
Тоа е за шеесет метри повисоко од набљудувачницата во Лондон, познатото Лондонско око. Во моментот, највисоката набљудувачница се наоѓа во Лас Вегас, која е висока 167.6 метри. Патниците ќе се качуваат на 38-минутно возење, уживајќи во неспоредливите глетки на градот.
Секоја од кабините ќе собира до четириесет патници. Тркалото ќе биде изградено во близина на траектно пристаниште на Стејтон Ајленд, а покрај него е предвиден простор за концерти, пивска градина, игралиште и некои објекти за храна и пијалоци. Возењето на траектот ќе биде бесплатно, пружајќи прекрасна глетка кон Статуата на слободата, совршено надополнувајќи ја новата туристичка атракција.
Се предвидува проектот да биде завршен до 2017 г.