Запознајте се со Фиона, слатко, весело нилско коњче кое изгледа како да нема ниту една грижа во животот. Оваа млада девојка, која тежи 356 килограми, е жител на зоолошката градина Синсинати во Охајо. Таа веќе стана популарна на интернет, но новото видео од неа е вистинско совршенство.
На снимката, гледаме дека Фиона одлично се забавува во водата поучувајќи не сите нас како да уживаме во животот како една голема забава. Видеото објавено од зоолошката градина беше споделено со следниот опис: „Нилските коњи ја сакаат водата, затоа Грците им го дале името „речен коњ“. Нилските коњи трошат до 16 часа дневно во вода!“ Тие исто така направиле и #TeamFiona хаштаг(знаете дека сте успеале во животот кога сте нилски коњ ик имате свој хаштаг).
Нон животот на Фиона не бил секогаш лесен. Фиона е родена шест недели предвреме, но успеала да преживее и да напредува. Во суштина, таа е тука за да нè потсети: Треба да го живееме животот во потполност и да уживаме во едноставните работи во животот.