Грешки им се случуваат и на најдобрите – но кога вашето име е Никон и имате десет милиони фанови на Фејсбук – знаете дека сте во голема неволја. Сѐ започна кога Никон објави дека решиле да му доделат награда на Чеј Ју Веи затоа што „успеал да фати авион во лет“. Проблемот е во тоа што во оргиналната фотографија немало никаков авион. Фотографијата била толку лошо едитирана што тоа може да се забележи на секој поголем екран. А да не зборуваме за тоа дека Никон требал да ја провери фотографијата во Фотошоп. Кога изгледало дека нештата не можат да бидат полоши, некој постирал одговор на самиот фотограф, кој на прашањето „Колку долго чекаше да се појави авионот?“ одговорил: „Не премногу долго! Имав среќа! Ви благодарам многу!“
На интернет заедницата не ѝ требаше долго да одговори на нејзе својствениот начин – со исмевање.