На местото каде што сега се наоѓа источен Сент Луис во американската држава Илиноис, се наоѓал густо населен град во кој цутела древна цивилизација – а причината зошто луѓето го напуштиле тоа место до ден денес останува мистерија. Наречен „американскиот заборавен град“, Кахокија е најголемиот археолошки локалитет во САД, и остатоците од овој град се едно од осумте локалитети на Светското културно наследство во САД.

ch01

Оваа населба, во која биле изградени огромни пирамиди и могили, била населена околу 600 г.н.е. а врвот на својот подем го доживеала околу 13. век, кога градот и целосно исчезнал од светската историска карта. Кајокија бил изграден од Мисисипијците, група американски Индијанци, и тоа била просперитетна мултикултурна средина. Архитектите откриле дека третина од населението на градот всушност потекнувале од друго место.

ch02

Луѓето од Кахокија се занимавале со земјоделство, лов и трговија, а градот бил домаќин на мноштво обредни церемонии. Но, некогаш бујниот град одеднаш бил напуштен. Иако се предложени повеќе теории (климатските промени, недостаток од природни ресурси и поплава), вистинската причина за замирањето на овој град останува мистерија до ден денес.

ch03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено