Дона Ејрис е 33-годишна мајка на четири деца којашто е убедена дека е тероризирана од пакосен призрак. И не само тоа, таа верува дека тоа е духот на нејзиниот починат брат. Според тоа што го изјавила Ејрис за Дејли Мирор, опседнувањата почнале во 2009, набргу по смртта на нејзиниот брат Пол. Поради нивните лоши односи во времето кога починал тој, та е убедена дека сигурно е нејзиниот дух тој кој ја мачи цело време.
Во обид да ги документира паранормалните случувања кои ја следат, Ејрис си отворила профил на Јутјуб на кој качила неколку снимени материјали со чудни нешта кои се случуваат во нејзиниот дом.
Откакок чудните случувања почнале во 2009, Ејрис и нејзиниот партенр се преселиле за да избегаат од нив.
Но секогаш кога ќе се преселел, духот ги следел.
Од 2009 навака се преселиле вкупно пет пати и никако да избегаат.
Но духот не секогаш е расположен за играње. Таа вели дека понекогаш се буди со гребаници и модринки по телото.
Најстрашното искуство ѝ се случило кога наводно била прикована за кревет од страна на непознати сили.