Од 2013 наваму, луѓето од градот Калачи во Казахстан страдаат од нешто што причинува наеднаш да заспиваат во било кое доба од денот. Овие спонтани заспивања варираат во поглед на должината на сонот, од неколку часа до неколку дена во некои случаи. Згора на сѐ, никој нема објаснување зошто се случува ова, а казахтанската влада како да не е заинтересирана да открие.

Од август навака, 60 луѓе биле погодени од оваа спиечка клетва. Тоа е околу 10 проценти од градското население кое брои 680 жители.

kl01

Единственото научно име за болеста е „енцелопатија“, што е само општ термин за нешто што не е сосема објаснето.

kl02

Покрај ненадејните заспивања, болеста кај некои деца предизвикува и халуцинации. Тие известуваат дека гледаат нешта како летачки коњи, како и луѓе со осум очи и слоновски сурли.

kl03

Бидејќи владата не успеала да открие што се случува, луѓето од градот изнесуваат разни теории, од тоа дека владата прави експерименти врз нив, до такви дека сето тоа го причинуваат вонземјани.

kl04

Други пак мислат дека необичната болест можеби е поврзана со напуштен рудник на ураниум од времето на СССР, кој се наоѓа во непосредна близина. Но, засега ништо не е потврдено со медицински наоди.

kl05

Некои луѓе веруваат дека ова е општа реакција на стресното живеење во Калачи. Но и луѓе од други места кои дошле во посета на роднини биле погодени од оваа мистериозна болест.

kl06

Се поставува и теоријата дека сите страдаат од нарколепсија. Оваа болест типично е присутна во 0.03 проценти од светското население, така што е мала веројатноста дека поголемиот број нарколептичари живеат во Калачи.

kl07

По година и пол, сѐ уште никој не знае што се случува во Калачи. Жителите остануваат заробени во кошмар од кој можеби долго време нема да се разбудат.

kl08

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено