Иако повеќето луѓе во светот знаат дека не треба да се задеваат со скорпии, некои едноставно не го прифаќаат тој совет. Сите скорпии се отровни, носејќи силен отров во нивните опашки, иако некои се поопасни од другите. Нека не ве излаже нивната големина – отровот на некои скорпии е толку силен што може да убие човек.
А токму поради ова крајно апсурдна појавата на нов тренд кој се здобива со популарност од Азија до Блискиот Исток. Луѓето стекнуваат навика да пушат скорпионски опашки, со цел да се издрогираат.
Ефектот е многу силен, интоксирачките ефекти настапуваат веднаш и можат да траат до десет часа.
Првите шест часа се опишуваат како многу болни. И сосема е разбирливо зошто е така – телото не е навикнато да има отров во себе!
Но, откако ќе престанат ужасните болки, се верува предизвикува еуфорија и халуцинации.
Научниците силно предупредуваат да не се пушат скорписките опашки, бидејќи има крајно штетни последици врз човечкиот мозок – дури полош од повеќето останати дроги. Но, бидејќи се создава силна зависност, проблемот со оваа појава станува сѐ поголем, особено што наоѓањето на скорпии во овие региони е лесно.
Владите ширум светот прават измени во законите со кои би се опфатила и оваа нова појава, а исто така се ангажирани и медицинските истражувачи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!