Tattboy (Тетовирано момче) Холден, да тоа му е вистинското име, првата тетоважа ја направил во 1987 година и оттогаш има потрошено околу 100.000 долари на тетоважи и над 1.000 болни часови под иглата. Овој 48-годишник вели дека сите луѓе кои што го критикуваат се всушност љубоморни и тој не планира да престане да се тетовира.
„Никогаш нема да кажам дека сум завршил. Иако има празно место тоа е можност да се додаде нешто ново на колекцијата. “, вели Холден.
Овој електро диџеј вели дека имал желба да се тетовира уште како мал, но сакал да почека додека да наполни 18 години. Истетовирав орел кога наполнив 18 години. Ја претставуваше слободата, а јас само што завршив со училиштето.“, вели тој.
Холден признава дека поради тетоважите, особено оние на лицето луѓето го сметаат за гангстер, криминалец и слично. Ми се случува луѓето да држат дистанца од мене и ме гледаат чудно. Но вушност овие луѓе се контролирани од нивните шефови. Тие сакаат да бидат како мене. Ако ме запознаете ќе видите каква личност сум, не мора никому да се докажувам.“
Неговото десно око е обоено во црвено, Холден црвено, како автомобилот поради тоа што му е омилен. Но подоцна сите го поврзувале со филмот Терминатор. Тој вели дека тетовирањето на окото било најболното нешто што му се случило.
Холден вели дека не се кае за ниту една тетоважа и иако поради нив бил одбиен на неколку интервјуа за работа, сепак тетоважите му донеле повеќе среќа отколку разочарување во животот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!