Ренџерите за дивиот свет во Северната Територија, Австралија, успеале да фатат „чудовиште“ во реката Катрина, долго 4,71 метри, со тежина од 600 килограми, кое „демнело“ во близина на рампата за бродови цела деценија.
Крокодилот кој најверојатно има околу 60 години е најголем заробен во Северната Територија и од муцката до опашката има иста должина како и просечен семеен автомобил.
„Сме фаќале големи крокодили, но никогаш не сме виделе толку голем.“, изјавил ренџерот Крис Хејдон. Ова е седмиот крокодил извлечен од реката Катрина. Ренџерите велат дека ова е доказ колку може да биде опасно пливањето во реките дури и во сушната сезона.