Ако случајно си во тесно и мораш да ја поканиш на партија билијард, тогаш не ѝ дозволувај таа да разбива.
Инаку за девојкава нема многу информации освен името Хеиби и наводно е професионалец за изведување трик удари. Видеото е снимено во Шенжен Сити во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Пријателите на девојката останаа шокирани и без зборови. Според локалните медиуми, девојката вежба билијард само три години.