Најчесто кога станува збор за уживање во животот за многу работи велиме дека „има време“. На пример: Треба да си земете одмор од работа- има време, треба да се јавите на стар пријател- има време, треба да им се заблагодарите на родителите- има време.
Но, времето е сурово и додека да се свестиме најголемиот дел од животот поминал, а ние не сме оствариле и некои навидум „прости“ работи.
Голем дел од нас ако не во детството, како возрасни се сеќаваат на среќни моменти поминати на плажата. Сепак постојат луѓе кои ја немале оваа среќа или пак не одвоиле време за да ја имаат. 93-годишниот Хауард Фишер, кој иако со години живее во сончевата Флорида никогаш не отишол на плажа. Тој велел дека постојано немал време, а кога имал време повеќе телото не го служело за да оди и сам да се забавува.
Тој изразил желба за својот 93-ти роденден да ја посети плажата за прв пат, а тука била неговата ќерка Сандра која му помогнала да ја реализира својата замисла. Сандра дошла од Алабама специјално за да го помине денот со нејзиниот татко.
Посветената ќерка изнајмила инвалидска количка за на плажа и го однела нејзиниот татко на патување до островот Ана Марија, прекрасен остров што се наоѓа на брегот на Заливот на Флорида. Хауард не можел да побара поживописно опкружување за неговиот прв вкус на морскиот воздух.
Сандра направила фотографии од нејзиниот татко кој ужива во водата и не може да ја тргне насмевката како мало дете. Сепак додека дишеме имаме можност да си ги оствариме желбите.