Мигранти од Романија кои изградиле вистински палати во нивните родни места благодарение на британското членство во ЕУ се решени да останат во Британија и после Брегзит, бидејќи сметаат дека Британците не би работеле работа како служење ќебапи и работа во фабриките. Многумина од нив живеат во Лондон, но и во останатиот дел од Велика Британија и многумина профитирале од политиката на слободно движење во Унијата, работејќи и праќајќи пари дома.

Исак „Магнет“ Думитру, чијашто семејна палата се наоѓа во Тандереј, кадешто повеќето куќи наводно се изградени од британската социјална помош вели: „Ќе останам во Обединетото Кралство што и да следува по овој Брегзит, а и моето семејство. Тие луѓе од Брегит велат дека сакаат да запрат емигрантите да доаѓаат во Британија, но ако го сторат тоа, кој ќе работи во ќебапчилниците, кафетериите и фабриките? Ќе нема кој да работи бидејќи Британците не сакаат да го работат тоа.“

Полицијата во романскиот град Тандереј предупредила дека криминалците кои го користат градот како база за нивното богатство нема да сакаат да се вратат во Романија.

„Повеќето од овие луѓе и така со години се во Британија. Па така нема да има нов бран на криминалци кон Британија. Тие се веќе таму, и таму и ќе останат.“

rm01 rm02 rm03 rm04 rm05 rm06 rm07 rm08 rm09 rm10 rm11

Сподели на Facebook
пати видено